Врз мракот падна уште една ноќ и в тој цвет темен затворено сѐ е под јазикот на молкот немее Сал ти си буден од бдеење болен но песната ја нема и ја нема во несоницата на тие долги дни Ја нема таа месечина јасна под тие клепки седело да свие молчењето да ти го осветли И така кроце часовите венат како што вене виење на волк и липтежот на ветрот како вене
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Дури и повеќе од тоа, честопати врз сувенирот се бележи имено времето на стекнувањето на истиот (што ретко кога е случај со предмети, кои ја немаат таа намена).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ако беше само малку поипакнато или поплеснато челото нејзино ќе ја немаше таа сјана точка да прочетува по него.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Понекогаш ја растажуваше што ја немаше таа среќа да им се радува на свои.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Маж ѝ е сега Ристос, човеку. Нема таа друг маж.“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Врска нема таа дека исто ѝ се фаќа, одела – неодела, не знае дека кога е на работа јас со црево по цел ден на балкон се поливам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Леле, Адо, ама си неразумна – ја прекорив. - Што ти е па тебе, Биси?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Таквата британска политика се покажала "непривлечна" за балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Од своја страна, Британците ја немале таа "храброст" и се залагале за зачувување на статус кво состојба на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кап... кап... кап... кап... - капе капка по капка - истекува денот... мора да истекува, зашто нема таа сила што да го запре надоаѓањето на залезот. ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Додека порано куќите немаа улични адреси туку имиња што ги идентификуваа, како на пример Brodie Castle (Замокот Броди) близу Elgin, наречен според едно семејство, денес локацијата на куќите веќе ја нема таа функција - стапување во контакт со луѓето што живеат во нив.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)