нема (гл.) - некаков (зам.)

Немаме големи пориви, знаеме дека судбината нема некаков спирален тек, туку дека е едно неумитно преповторување на погибелни циклуси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
У Не им завидуваме на предавствата Не им завидуваме на предавствата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Му го пополнував неговото време но со сето свое однесување како да ми стави до заење дека толку му е доволно, дека нема некакви други планови со мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Ако мислиш на пропаганда од политички табор кој го мрази Стојан, па и некој вид на борба,знаеш дека таквите обиди досега немале некаков позначаен успех.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дуковци никогаш не одеа некаде ако немаат за тоа некаква причина, ако немаат некаква работа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но ниту тој, вака остарен и истрошен, беше некој цврст косач, ниту пак Бојан, петнаесетгодишно момче, можеше да се нарече косач, зашто иако прилично израснат и зајакнат, уште немаше некакво косачко искуство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имам големи замисли за тоа каква сакам да бидам, само што тие баш и немаат некаква позадина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со смртта, со наближувањето на смртта, човек насетува како му се смалува кругот на светлината на семејството, народот, татковината, светот... – Животните немаат татковина, немаат некаква светлина да бранат! – ја упростувал мислата Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Навикнавме на границите. А на Балканот нема педа земја кај што нема некаква граница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)