нема (гл.) - нема (гл.)

На тоа згора сите млади момчиња се уверуаа оти старите требаат за таков зло час.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го распрашал царот со ред за како го чуал татка си.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Царо што бил во тој град, многу му било мака задека старите ѝ носеле в планина за да умрат од глад, арно ама на народот тоа нешто адет му било, тики немал немал што да му чини.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)