Според Фелоус, Карпентер „ги разбирал геј-мажите како ‘меѓумажи’ – ‘мажи со голема мера на психолошкиот карактер на жените’“ (14).336 Фелоус го цитира и ученикот и соперник на Фројд, Карл Јунг, а конкретно огледот на Јунг од 1954 година „Психолошките аспекти на комплексот на мајка“, во смисла на тоа дека геј-маж „може да има добар вкус и естетски усет кои ги негува присуството на женска нишка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поконкретно, тој одново и одново се повикува на социјалистичкиот филозоф и ран геј-активист Едвард Карпентер (1844–1929), кој во 1908 година објавил книга со наслов Меѓуполот: студија за некои преодни типови мажи и жени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може да биде извонредно надарен да биде учител поради речиси женската проникливост и речиси женскиот такт“ (243).337
Иако културата на постоунволското геј-движење жестоко ѝ се противи, оваа стара угледна традиција на дефинирање на хомосексуалноста во смисла на родова обратност и на замена на родовите улоги, а не во смисла на сексуалноста, воопшто не изумрела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога ги изнесува во преден план прашањата за родовата ориентација, конкретно „несообразноста со родовата улога“ и „родовата нетипичност“, како признаци на „природите на геј- мажите“ (барем на природите на оние мажи што се „насочени кон зачувување“; 243) и кога штуро се зафаќа со прашањата за сексуалноста, Фелоус без колебање упатува на авторитетна поткрепа во некои претходни теории за хомосексуалноста, и тоа од викторијанскиот период, кои геј- мажите ги дефинирале како женски души во машки тела, како припадници на трет пол или на меѓупол.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)