најде (гл.) - токму (прил.)

Она што всушност ме одби од Луција таа вечер беше едно ситно движење на нејзините нозе, едно сосема беспрекорно, технички изведено поместување на нејзините колкови, со кое таа ме привлече кон себе, ме зароби, и јас се најдов токму на местото каде што треба да биде маж кога спие со жена; беше тоа една совршена технологија на водење љубов, нешто што за искусниот маж е вистинска посластица, кога ќе го сретне кај некоја жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Били имаше око за отпад; го снабди целиот Фектори со работи кои ги пронајде на улица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двајцата го знаеја секој пејач - мислам пејачите за кои никој порано не чул - и постојано ги обиколуваа продавниците со плочи барајќи некои стари или приватни изданија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некаде во април или мај идната пролет чичко Васко како да го најде токму тоа што за Еда му требаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Додека патував, во автобусот замислив и потоа најдов токму такво место какво што посакав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Големиот црвен кауч, оној кој ќе биде толку многу пати фотографиран следните години - оној црвениот, кој го искористивме во толку многу филмови - Били го најде токму пред “Y”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)