Значи, јас го најдов повторно овој текст во една книга пред две години во Швајцарија: книгата припаѓаше на библиотеката на една штотуку почината пријателка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сега, како да се најде повторно во истиот транс од младоста, кога беше во разбранетиот Цариград, обземен од големата мисла дали, по завршувањето на отоманското право, да остане на Исток, да го земе семејството, па да се слее во новите млади Ататуркови ешалони, како и бројни негови сонародници и блиски, или да се врати на Балканот, да остане со своите, да ја продолжи татковата меланхолија, со надежите дека ќе замине, но верен на инстинктот на останувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Имало јагули кои овој пат го оделе до километар два на суво, за да го најдат повторно патот и да им се придружат на среќните јагули кои го избегнале далјанот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Двете сестри имаа план кога и каде ќе се најдат повторно, за да се вратат дома двете заедно.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)