најде (гл.) - надвор (прил.)

На Татко, кога се најде надвор од Судот, вистински му олесна.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потоа се најдов надвор од гробиштата на кучињата, пред нивните ѕидишта кои беа поцрнети, веројатно од забот на времето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Накратко, многу од реалното дејство за киберпанкот требаше да се најде надвор од СФ гетото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Полека ги спакуваа работите и повлечени од толпата која одеше кон излезот се најдоа надвор.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Одеднаш таа се најде надвор на снегот, премрзната и без храна.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И порано ќе ми кажел, ама не дошло ред, друго е сега кога на чуден начин сме се нашле надвор од секојдневието.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се најдовме надвор, повторно. Почнуваше да врне дожд, а ние немавме чадор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како одговор на тој бунт училишната власт кон сите ученици применила остра дисциплинска мерка - сите ученици од VI клас се нашле надвор од Гимназијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не усети ни сам како се најде надвор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ми иде некоја врева и, тогаш, како јас да сум се нашла надвор, а телото ми останало в ќелија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-... И така, твоето бебе стотина пати влегува во светот за повторно да се најде надвор од нејзината вагина.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тогаш буткам сè!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Разбивам!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не треба да нè најдат надвор!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За миг се најде надвор од жичаната ограда...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)