Скока по неа и врз креденецот, и врз запалената печка, па дури за една мува може да се најде обесен и на лустерот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Единствено се прашувам, миличок, смее ли да се нарече болен копнежот и во распаѓањето да ја пригрлиш далечната убавина? -... го најдоа обесен – потшепнувам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Утредента го нашле обесен на даб.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се зборуваше дека тоа е гроб на некој човек што сам си го одземал животот и го нашле обесен на едно големо дрво покрај патот.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ја најдовме обесена во еден од полските нужници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)