најде (гл.) - мртов (прид.)

Го најде мртов во собата на некаква Марија, го најде крвав, пробиен со олово, смирен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога дојде мајка му и кога му отворија да му дадат јадење - го најдоа мртов.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дишењето му е толку тивко што само затворените очи ѝ зборуваат дека тој всушност спие; оној ден кога навистина ќе го најде мртов, претпоставува, очите ќе му бидат отворени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А едно утро и неа ја најдоа мртва испружена покрај каменот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму останале до пролетта, му рекле, жената ја нашле мртва во планината, со нарамниче дрва, завеана од снег.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како еднаш веќе не ме најде мртва тоа големо утро.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Таа се прекрсти, запали свеќа. – Тука се врти нејзината душа... - рече покажувајќи на местото кадешто го најдоа мртвото тело.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)