Пред неколку години при копањето на темелите за да се прошират манастирските конаци, се најде ќуп со вино убаво запечатен со глина: виното беше густо како мед; мајсторите што ги градеа конаците, им рече отец Серафим, а и калуѓерите, земаа по една лајца, го раствораа во шише со вода и пиеја; тоа делуваше опојно и им се чинеше дека лебдат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)