Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Ами ако ме пречека некој заптиа в седо да му требе трева за коњот, та да ми го растовари и да ја најде торбата?“ „Ами ова? Ами она?“
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)