најде (гл.) - татко (имн.)

Решила да му најде татко на готово, за да не се мачи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајката Роса кога ѝ го отепале мажот не била постара отколку што сум сега јас, сѐ уште, и со пет моми, односно шест деца (едно си земал Господ), можела да најде маж за себе, ама сигурно не ќе нашла татко за момите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во тоа време, однекаде се најде татко ти, како што поминуваше оттаму со коњ, нè видел и веднаш се симнал од коњот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Треба да му најдам татко на детето. Не е битно кој е и каков е.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Први дотрчаа и во Витолишча, каде што го најдоа татка си Петка и невестите со децата...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оваа нова рожба го најде татка ми во дотогаш најтешка положба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не е коњ за да му ги гледам забите – и ме погледна со нејзината детска насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)