Овој дожд не е од вија времиња
сите дождови идат од далеку
но овој е од потаму
си думам и никако да најдам стреа
да го заштитам она што можам
барем она што го немам.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Иако шепотеше, шепотот го уловија ушите на Чана и таа мислата од својата глава ја претвори во зборови Мило ми е што си нашол стреа само за себе!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)