Други, не грчки војници, Ангелина и Агрономот го направија тоа во една непрегледна нива што туку изорана, таму, Ангелина ме држеше, а Агрономот ме силуваше, И така, не најдов сили да завршам со себе, ни да пометнам, се предадов, го засакав како свое тоа црно семе и го оставив да расте во мене!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Застанав над неа, ѝ намигнав, а таа одвај најде сила да се насмевне... Ја бакнав в чело...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дека започнува ново поглавје во нашите животи…, дека мора да најдеме сила…, спомените за еден прекрасен човек да ни помогнат да продолжиме понатаму…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
VIII Сѐ до вечерта Бошко го мачеше забелешката на Најда, но тој премногу се надеваше во одењето кај Дика во селото преку Пелистер, за да може да најде сила да го открие значењето на зборовите што му беа речени.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)