најде (гл.) - одговор (имн.)

Зошто најпосле се дигнаа овие мирни селани против нас? — почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот, во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да му помогна нешчо на виа нашите робови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука Толе се позамисли, небарем сакаше да си ги собере мислите и да го најде одговорот, па рече: — Ами зошчо си дојду!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но каде е доброто? Тешко можев да го најдам одговорот на прашањето и да го испредам ова вретено.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа ЗОШТО сите години го повтотувам и никогаш не го најдов одговорот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Гледајќи ги така онемени и сподавени во своите мисли, се запрашав: - Дали некој ќе го скрши молкот и во него ќе го најди одговорот?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Секогаш се обидуваше во нив да најде одговор на своето суштинско прашање – кога веќе еднаш ќе почне да живее?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој немаше поинаква душа, не живееше во некој друг свет, туку напротив, беше израснат на истата земја како и другите, по истите закони и обичаи беше воспитуван, а сепак стана поинаков од сите нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никогаш во своето срце не успеа да најде одговор зошто токму тој е оној избраниот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не умеејќи да си објасни што се случува, тој ревносно следеше сѐ, обидувајќи се некаде да го најде одговорот на прашањето што го измачуваше – зошто?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По секое испукување, погледите ни се среќаваат, зачудени и уплашени. И со прашања што нема кај да најдат одговор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не го нашол одговорот од кој сиот ќе се озарел од блажен мир на човек што узнал со какво умеење ќе ги зачува луѓето до нивниот определен крај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што можело да се стори да останат барем толку колку што се, дрипави, боцкави, суви?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каде да го најдам одговорот на сите мои прашања?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Не беше лесно да се најде одговорот, ако тој воопшто постоеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се обидував да го најдам одговорот во прашањето на Ема: „Наслушни го добро тоа што го зборуваш и сè ќе ти стане јасно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И дури сега, по толку време од првото предупредување на сопствената потсвест, седам сама во станот, зад пердето, и се трудам да ги поврзам сите поединости и да го најдам одговорот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Милошевски умре в затвор. Велат дека не успеал да најде одговори на некои од прашањата што му ги поставувал од ден во ден упорниот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А татко ти ништо не рече, само мавташе со рацете, но дед Павел и во тоа мавтање како да најде одговор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Достоинствено и пристојно (не налудничаво или избезумено) многу често преку монолог се обидувам да најдам одговор на онаа што тлее во мојава душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Настојуваше постојаната потрага по спасот на главните ликови на сагата, низ помирување и толерантност, одбивање на границите и делбите, да ја види како реалност на земјата, регионот, на народите кои имаа долга историја на страдање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
XXVI Долго време Елен Лејбовиц на еден брилијантен, можеби единствен можен начин, за кој долго време се прашував и никогаш не најдов одговор со што го бев заслужил, го бранеше постоењето на мојата балканска сага, живееше со проблемите на моите јунаци, со смислата на нивното книжевно и можеби реално продолжување, ја бранеше нивната книжевна одисеја во Европа, потоа ги бранеше земјата (поточно земјите на авторот, како што таа нагласуваше) и авторот на сагата во времето на конфликтот во Македонија во пролетта на 2001 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А тоа прашање било: кои би биле следните чекори што би ги презел АСНОМ во врска со иднината на Македонија?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Новонастанатата состојба со формирањето на македонската федерална држава во рамките на југословенската федерација, пред британската дипломатија отворила едно многу сериозно прашање на кое требало што побрзо да се најде одговор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Перса, трогната од судбината на Роса, се искрадна на кај кујничето, додека Пелагија мораше да одговара на детските прашања во кои имаше и такви на кои не можеше да најде одговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)