Четивово е, всушност, „Разработен проект во неколку чекори за тоа како да си најдеш маж“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Мајката и ќерката не беа останати без влага од чичето, ама бидејќи умни кучките, сфатија дека треба да бараат друг спонзор додека е време зашто парата е како водата, и така тие пак тргнаа по пазарите, сега и до Костур, да најдат маж за мајката, татко за ќерката и домаќин за куќата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Мајката Роса кога ѝ го отепале мажот не била постара отколку што сум сега јас, сѐ уште, и со пет моми, односно шест деца (едно си земал Господ), можела да најде маж за себе, ама сигурно не ќе нашла татко за момите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А таа се движела чудно згрбавена над леите во кои ќе сади арпаџик или лук и, иситнувајќи ги секаквите грутки ѓубре со прсти како со грибло, ја риела земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Е, на! Па сепак можело да се случи таа да најде маж кога тој ќе биде под земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А исто знаеше и за Попставревци, колку многу брзаа да ѝ најдат маж на Викторија, која остана, до својата 32 година, немажена поради своето ситно, сипаничаво лице и малиот речиси детски раст.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)