најде (гл.) - излез (имн.)

Но сега не беше време да длаби по погрешните идеи, требаше да се најде излез за семејството, излез од гладот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но мораше да се соочи и со ова време. Да најде излез. Не му беше прв пат. А дали имаше избор?..
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Појде кон Судот, со надеж дека ќе најде излез и од овој нов балкански лавиринт.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но не за долго. Нашата партија ќе најде излез и од оваа тешка ситуација...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, колку што се напрега да го најде излезот од лавиринтот на спомените, тој толку повеќе останува пооддалечен од вистинските, барани спомени.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да го најдам излезот од лавиринтот што го гледам пред себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И пак спиралната болка во раката растеше, се извиваше, не можеше да најде излез.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше обземен од дилемата на својот живот: како да најде излез од кругот на утопијата, југословенската комунистичка утопија, која дотогаш убаво функционираше и му го осмислуваше животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отсекогаш покажуваше почит кон земјата која ја претставував, и покрај нејзиното видливо ослабено влијание и изгубени позиции поради внатрешните непремостиви проблеми и немоќта земјата да најде излез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Често немоќта да се најде излез во иднината го засилува инстинктот во човека, да се брани со криковите на своето дамнешно, митско или архаично минато.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи во Картагина, во таа митска татковина на сега заробениот Југурта, стариот Бургиба, како да бев самиот во стапицата на легендата од која требаше да го најдам излезот во реалното време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со него имав чести, искрени разговори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но не успеа да излезе од последниот лавиринт - од својата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Успевајќи да најдам излез од пеколот, јас можев да се доближам до вистината зошто татковата Историја на Балканот низ падовите на империите остана незавршена и отворена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остана во својата Муката (Рамалах) во последниот лавиринт од кој не можеше всушност жив да најде излез...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Една османскотурска заемка ќе ги води по два или три пата на разбирањето, но без некогаш да се стигне до вистинската смисла, како да водеше до некоја ирационална цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Всушност, самиот лавиринт можеше да се смета за жива слика на балканските граници од кои постојано настојуваше да го најде излезот, најчесто барајќи го во своите книги!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Балканската историја го повлече во својот лавиринт и тој повеќе никогаш не најде излез.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако ја завршија големата дебата за генезата на универзалните лавиринти, посебно балканските, Татко ненадејно го запраша Камилски: Знаеш ли, мој пријателе, кој е најголемиот лавиринт и на кој никогаш не може да му се најде излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, погодувајќи ја мислата и на Камилски, предложи со оглед на огромниот број османскотурски заемки во повеќе области, да ги изберат најкарактеристичните, односно најблиските со фреквенција дури во денешното време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И обајцата, загрижени и замислени, бараа чаре: ќе запрат за еден период со секојдневната работа додека најдат излез или ќе продолжат со работа?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку што повеќе навлегуваа во јазичниот балкански лавиринт на турцизмите, Татко и Камилски јасно согледуваа дека никогаш нема да го најдат излезот, ќе ги замајуваат постојаните крстопати на јазичниот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа го обземаше мислата дека самиот човеков дух може да биде лавиринт во кој секој може да се изгуби, не успевајќи да го најде излезот, доколку не верува во крајниот силен извор на светлината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одненадеж, да се поверува дека за тоа се спогодиле обајцата, тогаш кога мислеле дека се разбрале и дека нашле излез за заедничката несреќе, меѓу нив се испречува ново недоразбирање и тие пак се обземени од недовреба еден кон друг; им биле отворени срцата и пак се стиснале, и пак се покриле со ледена кора.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе знае ли да најде излез Низ буква самогласна Како крик што блескоти Во душата?
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Распнат помеѓу големите идеи за империите и за границите умеејќи да најде излези на хартија, како што често и му велеше Мајка, тој се соочуваше со нивната друга реалност во конкретниот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа мораше да најде излез од лавиринтот на Татковите илузии кој ги замислуваше спасоносните излези, уверен дека постојат и дека се тука, блиску.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само тој сметаше дека Дон Кихот не успеал да го најде излезот кон светот затоа што не успеал да го открие вистинскиот распоред на книгите во својата библиотека кои водат кон вистинскиот излез.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, кој, како адвокат, секогаш во природна опозиција со режимот на власт, беше сторил многу добрини од двете страни на Езерото кое го делеше променливата граница меѓу двете земји, сега реално можеше полесно да најде излез за своето семејство, да се врати во родната земја или да го продолжи егзилот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јагулите се најдоа во лавиринтот од кој не можеа да најдат излез ниту луѓето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Умот му го пленеше мислата како успеваат јагулите да најдат излез од балканскиот лавиринт?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А ако в туѓина останеш и таму завршиш, коските никогаш не ќе ти ги стопи туѓата земја и од нив душата не ќе го најде излезот небески...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го заобиколи трњакот и влезе во питомината на која до пред една недела, изгледа, не беше ожнеана пченицата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И во овој толку краток збор таа не може да најде излез од кругот на секојдневните јадови и чемери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Крсто, стопанот нејзин, повеќе навреден отколку желен да спечалува, млада ја остави со единствениот син и замина за Америка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Поезијата е можеби начин, сами да опстанеме во лавиринтот а не да најдеме излез.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)