најде (гл.) - жена (имн.)

Чаршијата се тресеше од тељаљите што ја објавуваа веста, калдрмата стана лизгава од расфрланите аспри ковани во Кратово, вратите на апсаната се отворија и пуштените се нафрлија врз ситнежот да зобаат како пилци, а Бошко си ги најде жената и децата дури во Бојаџиската чаршија, стуткани зад едни црвени преѓи што се цедеа на ченгел од крвавата боја.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веќе до мостот се насобравме едночудо луѓе, така што си се најдоа жени со жени и мажи со мажи, како кому му одеше муабетот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Значи: дојде дури овде, преку толку мориња и реки, бегајќи како што велеше и самиот од злото; си најде жена; се задоми; дури и деца израсте... а се уште веруваше дека се тркала по низдолница.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар можеш да поверуваш во такво нешто?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)