„Кој во која боја припаѓаме, сликаре?“ го прашуваа. „Најдете се сами“, им велеше тој.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не можеш да ме измамиш. Биди чесен. Одговори ми со едноставни зборови, не со празни. Барај се. Најди се. Биди свој.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Фотографијата на Дишан од 1945 година од мене е оддалечена еден метар и ме гледа. Тој поглед им вели, особено на младите: Кој си ти? Што ни носиш?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)