Затоа и никогаш не се најде никој таков, песји сој, кој, притиснат од властите или купен од нив, се согласи да изврши предавство.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дома не најде никој. Изгледа дека сите домашни беа истрчани да грабаат злато.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Таква чест, до ден денешен никој не заслужил, такви медали никој не добил, зашто не се најде никој со таква длабока и силна верба во моќта на зборот и поезијата каква што во себе ја имаше Нуне Волта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)