Пред да излезам од продавницата, мојот пријател ми довикна: – Во целата ситуација има една добра работа. – Која? – Стана јунак на една приказна. – Каква приказна? – пак се сепнав. – Приказната се вика „Чај за двајца“ и нејзини јунаци стануваат сите оние кои ќе најдат каква било обетка, кај било.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кутриот Х.Х. беше немоќен, којзнае дали си веруваше на кажаното според инструкциите, да најде какво било разумно, логично и прифатливо оправдување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тие што најдоа каква таква работа можеа да сметат дека ќе обезбедат и дрва, ама повеќето стигнаа само до канцелариите на Трудот за да ги предадат своите работни картони.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Во еден миг, помислив да одам на закажаниот состанок во градината кај „Знак прашалник“, за секој случај набавив дури и неизрежан клуч, но тогаш пред оваа намера се испречи една голема промена во мојот живот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)