најде (гл.) - удави (гл.)

На таблата напиша: „Збогум, драги мои. Заминувам за вечно... Заминувам зашто немам повеќе за што да живеам...“ Го најдоа удавен во езерото. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отакако по огрубувањето на Руса избега во полето, стариот Јанче, ден, два, акаше таму и лелекаше на цел глас, на третиот го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едно време се чу дека во тие бурињата нивни со боровинки нашле удавен некој човек од Брезница, ама – никому ништо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јанческата гостинска одаја, истата онаа во којашто во оние одамнешни времиња, набрзо по населувањето на првите Турци во Потковицата, дедото Јанче, за да ја одбрани од `Рслан бег, ја нагрди Руса и веднаш потоа се штукна од умот и по два дена го најдоа удавен во вировите на Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)