најде (гл.) - три (бр.)

А тој, сиромах, им кажвел како шчо била вистината и им велел: - А бре, братја, денеска, бидвеешчем си јас на орање, дојде оваја, ми донесе ручек и дури јас ручав таја ми поора; а ораешчем во браздите најде три - четири риби.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Шчо ќе чинам, как ќе чинам јас вака?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Им објасни полицаецот оти стариот што личеше на сенка, на проѕирна пајажина, го нашол три блока подалеку оттука, во градината на една куќа и мислејќи дека е скитник-бездомник сакал да го легитимира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Но од каде да ти најдам три. Еве ти ја мојава. Други немам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Навистина, господ да бранит од женска белја!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Најдов три кристални чаши. Сега кој ќе пие во стаклени? –Настана мрморење, де од еден,де од друг: Јас сакам кристална, јас несакам стаклена, во неможноста да ги поделат чашите се надвикуваа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)