Сред сета онаа арогантна турканица, таа ми праќаше охрабрувачки погледи,со неприкриена нотка на сожалување, што ме натера, токму на полноќ, откако буричкајќи по џебовите најдов две згужвани, испотени, но се уште читливи хартиички, да скокнам од мракот, си истуркам пат и лежарно му го земам микрофонот на едниот од гласноговорниците дркаџии.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Питропот еднаш сам им кажа на луѓето оти во црквата нашол две лајна испосрани од некого. Тие беа нашите лајна.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Најдоа две суви буки. За едната го врзаа Дорча, а на другата седнаа да се починат.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)