најави (гл.) - свој (прид.)

Бендот ја најави својата најнова композиција, за која што рече дека фановите ќе имаат чест за прв пат да ја слушнат вечерва. „Мара ми се скара“.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во осамената соба влезе животот наметлив и силен и зафати да го најавува своето присуство и своето право.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
У ја најави својата мрза многу рано. Само што излезе од стомакот на мајка си, заплака сосема кратко, колку да ја исполни бебешката должност и веднаш заспа, исто како да се наоѓа во стомакот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)