Математичарот и теоретичарот на компјутерските науки (од САД) Hans P. Moravec (роден 1948) во својата расправа Универзален робот (1991) ја заострува проблематиката на модерната роботика во смисла, дека нашите денешни најдобри компјутерски водени роботи се способни да симулираат само нервен систем на некој си инсект; често откажуваат при задачите што би ги извршило и шестомесечно бебе (кога се работи за идентификација на предмети и нивно придвижување).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со роботите е, едноставно кажано, тешко, тие имаат многу тешкотии со осознавањето и ориентацијата во простор и Moravec футуристички најавува поголем развој на роботиката дури во идниот век; развојот временски би течел по степени, од „човекот робот”(помеѓу 2000-та и 2010-та) до „детето на духот” (mind children) што ќе се појави по 2050- та; меѓустепените роботи би морале да се навикнат да учат, да ја распознаваат сликовната околина и да мислат.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)