Силјан не можел да се начуди на луѓето, кои се и во кое место се.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
„Ах, анасани! Ах, аврадини“, испсуваа двајцата крепоземци во битолскиот вилает и не можеа да се начудат на смелоста и дрскоста на оваа арамиска банда.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Татко не можеше да ѝ се начуди на промената на Камилски: на почетокот радикален пуританец, кој беше за пресметка и отстранување, како што велеше, на опасните турцизми, а сега дури стануваше толерантен и помирлив кон нивната натамошна употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не можеше да им се начуди на сликите на Шагал.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)