научи (гл.) - татко (имн.)

Животот го научи татка ми никогаш да не ѝ се предава на несреќата предвреме, туку, во времето што преостануваше, поземаше сили од умот како да ѝ се спротивстави...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
— Така треба, да си слободен, да живејш на слобода како шо мислиш дека ќе ти биде поарно, а не ропски, како шо научил татко ти и нашите чорбаџии.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така го научи татко му, и такви шатори тој правеше сиот свој живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)