научи (гл.) - живот (имн.)

Полека се присеќаваше на животот преку море, на бараките во кои живееше парченце од срцето на и проколнатиот и благословениот Балкан: меѓу другите - Турци, Грци, Хрвати од Далмација, нешто малку Бугари и нешто македонци, глутница што двапати дневно се развлекуваше како тесто, бараки - фабрика, фабрика - бараки, човечки толпа од закрпи на тага, неутешност, страв, искушенија, пцости и песни донесени од далечини, бил во туѓа земја и го научил животот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко внимаваше на сите овие детали чие значење можеби и го увеличуваше, но таков си беше, на тоа го научи животот на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)