По борбата на бојното поле ќе настапи време да се бориме на културна почва, и во тоа време, наместо да имаме можност да ги ползуваме плодовите од пролеаната крв и да напредуваме културно, ние и тогаш, како и сега, ќе треба на наша штета да ги помагаме ту српските, ту грчките, ту бугарските интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Морав мигум да разјаснам: - Според библиските, куранските и талмудските пророштва во делот за Апокалипсата е запишано дека ќе настапат времиња на големите промени, ќе дојде до апсолутен пресврт кога „последните ќе бидат први, а првите последни“.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во шеесеттите настапи времето на “Turn on, Tune in, Drop out”, дрогите влегоа во игра, се впуштив во тоа и се исклучив.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
И најпосле непредвидено, како што само судбината умее да ги режира настаните, наметнувајќи ја случајноста како апсолутен арбитер, настапи времето, дојде неочекувано мигот кога катарзично се ослободуваше времето минато крај Арафат во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Заборавот ја подјадуваше меморијата на раните дипломатски години, но не можеше да ја истисне од свеста...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
II Во градот настапи времето на козите...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој просто не знаеше што да прави, каде да ги скрие рацете, нозете и целата своја фигура; најпосле седна покрај оние што играа, гледаше во картите, се загледуваше во лицето на еден па на друг и по извесно време почна да се проѕева, да чувствува дека му е здодевно, дотолку повеќе што веќе одамна настапи времето кога тој, според обичајот, одеше на спиење.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но кога настапи времето на козите и кога тие бели суштества извршија вистинска инвазија во градот, и ние бевме принудени да купиме кози за да опстанеме, како и сите други сограѓани.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
XXXIV Настапи времето кога Мајка излегуваше од семејството и влегуваше во социјалниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)