настане (гл.) - молк (имн.)

Настана молк помеѓу двајцата пријатели кога го напуштаа мост и скршнуваа десно крај кејот упатувајќи се по старата калдрма кон нашиот дом.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стар пајтон, кој беше минал многу времиња на градот, со ритмичниот топот на снажниот коњ, минуваше крај нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настана молк. Х.Х. не преземаше повеќе иницијатива во разговорот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прашањето потона во очите, се закова на усните и пак настана молк.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Настана молк длабоко во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настана молк. Ана, која сакаше нешто да каже беше швркната од строгиот поглед на Томо. Томо беше тој што пресече.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)