Во верзијата Имитации за оркестар без диригент и во делото И така натаму (1973) за оркестар со или без диригент, повторно укажува на хегемонистичкиот статус на диригентот во ансамблот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во 178 Margina #11-12 [1994] | okno.mk делата како што се Соло за глас 3-92 (1970) и/или Книга на песни (1970) Кејџ го насочува своето внимание на соло-инструментот (гласот) и можноста за посебен музички настан.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Последните неколку години, Кејџ многу интензивно (и со завидна техничка умешност) се занимава со оттиснување на графики.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кирков со иста страст ќе го насочи своето интересирање кон секој мотив со кој открива актуелност и значење.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Дали мачорот имаше начин да го насочи своето сочувство онаму каде што тоа беше потребно?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еден теоретичар дури ги споредува со луѓето кои стојат пред влезот на некој си супер маркет и усно или преку подадени флаери ги известува потрошувачите кон кои продукти треба да го насочат своето внимание.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Овој краток преглед за значењето на европскиот капитал во стопанскиот живот во Македонија има за цел да го олесни одговорот на прашањето: Зошто гемиџиите решиле да ги насочат своите бомби кон интересите на Европа?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И како-така, за да се одмаздат на своите непријатели - Турците, востаниците повеќе пати ги насочија своите атентати против Европејците...
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некоја сила му ги растави клепките и тој остро ги насочи своите презриво тажни очи кон оние што сакаа да ја видат неговата малодушност, страв и покаеност и треперењето на солзите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од неодамна, зачестеноста на новите броеви се намали на минимум, бидејќи Вудринг ја насочи својата енергија кон компјутерите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)