Тој подолго време ја следеше мојата возбуда и насети дека се работи за некаква интима.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Смиреноста на Мајка, кога насети дека Татко излегува од комата и се враќа во живот,се пренесе на сите нас.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Очигледно дека уште мудриот Сократ насетил дека творештвото е тешко доловлива дејност на мозокот и често акт на изменета состојба на свест.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Климент Камилски насети дека Татко како да го релативизира првичниот договор, сугериран според неговата замисла да се исклучат од нивните балкански јазици опасните османизми, но не сакаше да го прекинува, верувајќи дека на крајот, работите ќе се одвиваат според договорот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко насети дека Камилски секако мислел на турцизмот душман, душманлак, со најраспространето и временски најдолго присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски не доцнеше со потврдата на Татковото претчувство, и тој предложи да се задржат на зборот душман, душманлак антонимично поставен кон зборот пријател, пријателство, како претходно третираната синтагма ајде, ајде јаваш, јаваш во филозофски контекст.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Низ проѕирниот мрак, ако се сака, може да се насети дека младичот наминува → ПИСМО Драги наш сине, Се надевам дека вака обемното писмо пријатно ќе те изненади, иако ќе бев многу порадосна да го прославиме роденденот заедно со тебе.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но, тој продолжи без да чека на моја реакција, верувајќи дека сигурно ќе ја предизвика: - Кога конечно нашиот Водач насети дека остануваме повторно сами, изолирани во историјата, без пријатели, а опкружени само со непријатели, тој во народот го разбуди вечниот одбранбен инстинкт...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Му дозволив да насети дека моите работодавци планираат производство на синтетски бета-ендорфин.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
За Бога било доволно да насети дека би постоела барем трошка светост, барем трошка обожување, за да го создаде светот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ете, ако љубовта ја земеме како клучна работа во човековата имотна состојба, тогаш воопшто не треба да се чудиме што оние од власта кога ќе насетат дека државата нема иднина, се фаќаат за календарот на годините што поминале.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Театарџиите, иако се непресушен извор на лагата, не би требало да се успиваат, па да не насетат дека најмногу се изложени на опасноста да бидат исфрлени таму каде ниту кучињата не би сакале да ја боднат муцката.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Бојан насети дека нешто се случува, зашто итрото куче не би лаело без причина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Хелвиг насети дека таа би го прашала за детето, но не се осмелува.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Адвокатот насети дека Хелвиг сака да каже нешто деликатно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Многумина геј- мажи, а и низа нивни пријатели и непријатели, одамна насетиле дека она по што геј- мажите се разликуваат од останатиот свет е нешто што далеку ги надминува сексуалните склоности и практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фоте ја погледна со прекор, подготвен да ѝ одговори штом ќе насети дека алудира на него и на неговата некогашна улога во логорот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Даваше помалку млеко, непредвидливо истрчуваше од дома кога ќе насетеше дека други кози, со по некој прч, ги носат во дивиот дел од паркот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сепак, брат ми убаво го затегна седлото и уздата украсена како за на свадба, и таман да се качам, коњот насети дека не сум добар јавач, почна да рипа, не ми дозволи да се качам, како да му беше понижување да го јава женско.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ние децата прв пат го слушавме ова и веднаш насетивме дека ќе имаме што да чуеме.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мајка, кутрата, ни насоне не можеше да насети дека во рацете ја држи пресудата за Татко, за прогонството во Голиот остров на Јадранското Море, пресудата за крајот на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)