Мајка бараше начини, водена од силната интуиција, да насети во која насока патуваат Татковите мисли.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Инаетот повеќе може да се насети во човековиот инстинкт, во делот на неговата анимална природа, недовршеноста во еволуцијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ги насети во сонот тивките чекори на својата сопруга кои се оддалечуваа, чекорите на љубовта и во овие години на животот...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Еве, мој пријателе, јас би завршил со инаетот, не можејќи да му го утврдам местото во трајната балканска меморија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој поглед не беше во склад со нејзините очи, секогаш исполнети со љубезност и топлина упатени кон соговорникот, но ваквиот впечаток избиваше од втор план, од зад очите, и во тоа Ема насети во дамата друг човек.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Над нив уморно се влечеа мрзливи облаци; сонцето им поставуваше врели, боцкави пречки но нив ги распнуваше болка на згусната влага; се слечеа и ги параа своите шавови на секој зрак, а земјата, споулавена од жед, притаено ја исчекуваше нивната милост. „Тој не е слаб“, извлече жегата непознат пркос од Јана. „Не, тој не е слаб.“ Иван првпат насети во себе некоја непозната и чудна врелина од што неколку запци во неговиот механизам закрцкаа. „Ти знаеш - не е слаб, нели?“ „Не ми веруваш?“ го измери таа; сѐ повеќе мислеше на тој Отец Симеон. „Ти верувам.“ А чудото од осмиот рид му шепна - не верувај, докторе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Брашното во паницата уште стоеше неначнато, но Бојан знаеше дека штом срната малку ќе се ослободи, штом ќе навикне на него и ќе насети во него пријател, штом ќе привикне на колибата, ќе побара и да јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе ви пишам штом ќе го сварам (не го сакам овој поим со физиолошка конотација, но не можам да најдам друг) количината емоции и страдања кои ги изразувате во вашето писмо, но кои можат да се насетат во вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Дваесетипет по туѓ газ ич не болат! – ја спомнав резигнирано едната од многуте потврдени од животот поуки - Детски муабети – беше коментарот на Господ, и за прв пат откако го запознав насетив во неговите зборови трепет на сочувство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Зарем навистина во тој момент му заличив на ѕверка, скршена од железото на стапицата, која нестрпливо очекува да биде докрајчена?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова обележје ќе биде пренесено во еден нов контекст, во диктаторскиот режим, што може да се насети во романот Времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)