Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој живее меѓу Колумбија, Њујорк и Европа. 1973 - 1974 Ботеро се населува во Париз.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сите ликови, сите оние брадести оклопници, сите ковачи, колари, стражари, трговци, што тој преку своите мисли ги населуваше во таа древна населба, сега му откажуваа послушност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во минатиот век, особено во наше доба, во напорот да се докучи смислата на првиот допир, да се согледаат одново острите граници и јарки бои со помош на кои првата слика се населува во потсвеста, голем список меѓу нив и творци од епохално значење за творештвото, направија обид да создаваат и по пат на психеделичкиот фактор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)