нарече (гл.) - душа (имн.)

Го чекавме оној ден кога таа невидлива и недопирлива топлина и мекост ќе ја почувствуваме и преку соединувањето на скриените делови на нашите тела.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ќе ни се сретнеа погледите, моите зеници се вовираа во неговите зеници и одеа понатаму, отаде; неговите зеници се вовираа зад моите зеници, и така зад телата баравме и наоѓавме нешто топло и меко, она што некои го нарекуваат душа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)