напушти (гл.) - роден (прид.)

И кога татко ми конечно се реши, поради опасностите што ги чувствуваше во времето на фашизмот, да го напушти родниот Поградец, тоа ќе го стори за сметка на егзилот крај нови води.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Луѓето беа обземени по секоја цена да ја напуштат родната земја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ја напуштил родната земја за да му избега на фашизмот, кога тој му бил зад петиците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не ми беше лесно да го разберам Мајкиното учество во балканската историја, посебно односот кон сложеното „албанско прашање”, како и кон границите, тие проклети линии на делбите, таа пајажина пред и околу луѓето, како што таа често, гласно или шептејќи се изразуваше за нив, особено откако ја напуштивме родната земја и станавме засекогаш емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој во шеесеттите години на минатиот век го напуштил родниот си козјачки крај и се е досетил во Куманово каде создал меана и трговија со жито.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие како да не сакаа да го признаат, не сакаа да го напуштат родниот крај без оглед каква цена требаше да се плати за тоа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)