напушти (гл.) - наш (прид.)

Господ беше на твоја страна, таа кобна ноќ кога ја напушти нашата куќа крај Езерото, заедно со децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
2. Доколку не сакаат да се приклучат кон нашата војска веднаш, да ја напуштат нашата земја, а нам да ни го предадат оружјето;
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
– Тогаш нека вршат агите наоколу – со извесна иронија проговори поп Јаков. – Ние ќе си седиме, ќе си јадеме, ќе си пиеме цело лето, а назиме, ќе даде господ студ, ќе видат невидат, ќе го напуштат нашето златно Мариово и ние ќе си излеземе на пролет како гуштеричките.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа брезничани ним им го завртеле грбот: ставале свои луѓе да го водат економатот на манастирот и на манастирскиот добиток, па кога грчките калуѓери се нашле на суво, сами го напуштиле нашиот манастир.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)