Мислиш дека ако ја напуштиш работата и отидеш на друго место, ќе ти биде поинаку, но каде и да отидеш, проблемот не е во местото, сакаш да отидеш на некое друго место, и кога ќе отидеш таму, ќе сфатиш дека работата не е во местото.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во следните денови, пред да ја напушти работата во Шумското, откако детално ги испревртува тезгите во НаМа, подготви голем пакет и во најголема тајност го однесе на пошта и го испрати до затворот во Суботица каде што ја издржуваше казната Димостен.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Така, после еден месец секојдневна меѓусебна тортура и карање, ја напуштив работата од студиото.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Јас не можам да заминам. Ја напуштив работата на бинзинската станица, но морав пак да се вратам.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога веќе ја напушти работата во Ветеринарната станица, барем зафати се да го работиш имотот... како сите луѓе...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)