Или нешто ѝ се случило, помисли, отепана е или изедена од мачка или и таа како некои луѓе, кога еднаш ќе го напуштат домот, не се враќаат повеќе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Александар почувствува олеснување, како кога некој несакан гостин ќе го напушти домот во кој му е укажано повеќе од потребното гостопримство.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кажуваше семожни причини, само да не го напушти домот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)