Шетајќи покрај реката, по кејот, ѝ се чинеше како којзнае од кога да го напуштила градот...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сметајќи ги за револуционерен и „опасен“ елемент, властите решиле да го исползуваат поводот што го давале атентатите за да се пресметнат со нашето население во Солун и што поголем дел од него да истерат или да го принудат да го напушти градот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)