напушта (гл.) - роден (прид.)

Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај се напуштала родната земја? Нема поголемо проклетство од тоа својата земја да ја напуштиш, од своите да бидеш прогонуван.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)