Постои можност за еден голем проект, кој најверојатно би донел нешто пари - да се направат или посебно да се излијат и да се закачат на мал ланец четирите букви ДАДА.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така и сега постапи; коа се согласи син ѝ Ѓоре да ја отера бомбата во Прилеп, го симна чифтето од рамена, му го предаде на Крстета Јанчески и му рече А ти во замена ќе ми ја дадеш пушката твоја, за ако се најде некој будала да ми се плетка во работата по пат, да го стокмам.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа, Трајана Дамческа, иако беше жена, за сè што ќе се договореа да направат или ќе направеа жителите на Потковицата, имаше свое мислење и по свое го правеше и, мораа да ѝ се признае, повеќе пати работите излегуваа на нејзиното.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)