направи (гл.) - овде (прил.)

Така неговиот ум не го отфрли, ниту пак го негираше она што го стори тој; едноставно не му беше јасно дека тоа го направил овде, на ова место и сега, во ова време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кадијата и беговите да си направат овде – на земјата – рај, а сејмените – да си го осигураат него на оној свет, кога веќе овдешниот беше зафатен од посилните та немаше место за нив. Co вакви пеколни мисли колоната го помина селото Штавица, кое одамна беше чифлиг на Сефедин-бег и излезе на високиот рид Слива, од каде што се прогледа мариовската котлина обрастена со честа борова, букова и дабова гора.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)