направи (гл.) - голем (прид.)

Филмови и пак филмови и уште филмови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во октомври Стоунси се вратија да се обидат уште еднаш - свиреа на Академијата за музика на 14. улица, а на 25. првпат требаше да дојдат на “Шоуто на Ед Саливен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со намера да им се зголеми публицитетот, што им беше повеќе од потребно, Ники Хаслам со уште неколку пријатели одлучи да направи голема журка во студиото на Џери Шатберг на Јужната Парк Авенија, една вечер пред “Шоуто на Ед Саливен”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тоа дознал Гоце Делчев и пресудил во интерес на Турчинот. Направиле голема свадба.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Малите работи, можат да направат големи разлики и длабоко задоволувачки промени во животот на луѓето но и во светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секое однесување е поттикнато од чувствата, емоциите, внатрешните сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
2. На ден Илинден се направи голем собир: сите села дојдоа во едно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не чекам да се направи голема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Според него, првиот проблем на Бугарија е да "ја ослободи земјата од нацистите", потоа тие сили би "вршеле други работи, кои се многу поважни".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека "народното движење го прави полесно решавањето на прашањето за границите" и дека "бугарските фашисти му направија голема штета на грчкото население".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Туку, ете, на луѓето им направија голема разделница за да не можат да се видат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред отприлика три илјади и пет стотини години (т.е. неодамна) е направен голем исчекор: тоа е пронаоѓањето на алфабетот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
На мајка ми ѝ се нажалило, направила голем ризик, ја симнала тепсијата од глава и стомната со вода и клекнала до неа да ѝ го извади трнот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И потоа птиците, круг од светлини направиле голем... а со клунот ѝ ги донеле во утробата на Олимпија... пламените растрснати и ѝ ги всадиле и ѝ создале чедо!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Од нашите солзи може да им се направат големи вирови на децата, вели, и сиот век во вода да го починат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По шест недели ќе направиш голема молитва и после си слободна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти и твоите пријатели можете да направите сѐ што направиле големите религии и етнички групи во име на нивниот Бог.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А секако имате и право да го направите тоа затоа што... па, погледнете во нивните заоставштини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)