направи (гл.) - вистински (прид.)

И не само да везе и брои, ами Доста запна да направи вистинска домаќинка од ќерка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со своето дело и живот, Марсел Дишан направи вистинска револуција во модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
MARCEL DUCHAMP
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секогаш кога решаваше судоку, гледаше фудбал на телевизија или читаше весник, го мачеше мислата дека им се придружил на многуте кои немаат ништо против владеењето на режимот и дека ја направил вистинската работа, вистинскиот потег кој му донесе некаква иднина на неговиот син.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сокот ги има во доволно мала количина за да го направат вистинското етерично дејство, а да не му нанесат штета на тој што го пие.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ми преостанува само да го чекам вистинскиот момент за да го направам вистинскиот чекор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И исто така нема толку благородни за од лажна да направат вистинска свеченост.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нема толку прочистувачки зборови коишто од политички цемент би направиле аполитична неутралност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа треба да ги исправи војничките глупости на Гетстапо и на СС кои направија вистински дар-мар, го организира она беспотребно злоставување на Евреите од градот под образложение дека се работи за претходна дисциплинска мерка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Макс Мертен се зачешла и откако го врати коскеното чешле во внатрешниот џеб од сакото, сосем задоволен од себе, полека се упати кон излезот за средбата со делегацијата уплашени Евреи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Старчето Диониш, иако малку збунето и преплашено, прифати да го сместат во помалечката просторија каде што Чана, како вистински мајстор, од неколку гредички, од три штици, од неколку метра конопено јаже, направи вистински кревет.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа се случи недела две пред да се сретне со тетка Перса, личноста што направи вистински пресврт во нејзиниот живот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)