направи (гл.) - чешма (имн.)

Се спогодила со нив: на изворот што се наоѓал на најдолниот крај на селото да направат чешма за спомен на синот Демир.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Секоја година ја чистела чешмата, ја расправала да не заптисаат водите, или пак селаните ги преправале ќумците.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мајсторите наскоро направиле чешма.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Митре така и направил. Долго време ги имал нејзините ниви и бавчи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Карабеќерица имала само две нешта што сега најповеќе ги сакала и чувала: чешмата и гробнината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го нашла на средсело и пред сите луѓе беше му рекла: „Јас тебе ќе дадам градината, нивата сосе оревите, црниците, куќата сосе црниците, пари не сакам да ми платиш, бакшиш ти ги оставам, само ќе гледаш чешмата да не секне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)