— „Значи, сега Крсте ќе се заборче кај вујка си и после ќе му ги одработува“ — Ц'к, ц'к!“ — си направи таа и му рече да не заима.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тие се работите кои направија таа година 1872-та, при крајот на летото, да биде убиен Максим Акиноски и заедно со него и Лазор Перуноски, а неколцина мажи отерани од Потковицата на заточение некаде во Азиа, Максимовата преголема љубов да си соѕидаат потковичани црква, општина и училиште и неговото противење на Грчиштата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беше неизбежно, порано или подоцна тие да ја направат таа објава: логиката на нивната позиција го бараше тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ама така ќе ја направиш таа работа што тој да запамети оти што пред тргнување на војна легнал со тебе. Мутлак треба така да направиш, ѝ рекол.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Е па, тој Миклош, едно доаѓање, веднаш ѕиркаше во везалото на Калија да види што направила таа за тој ден, и уште пред да види, почнуваше да го фали на унгарски.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
КЕВА: (Ја испраќа.) Манастир, сестро, манастир! (Се враќа.) Завали Томче, како да му се претскажа нешто.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЕФКА: Слатка сестро Кево, ако ја направиме таа работа, манастир ќе направиме! (Си оди.) Манастир!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
„Понатаму ... со приказната”, тој би направил таа да рече, без оглед колку тие двајцата се исцрпени на ова место во оваа верзија на нивната заедничка линија на светот, кога тој би бил автор, а не само привремен наратор.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А Мира планови разни смислува и везден крои: што ли, што да направи таа со парите заштедени свои?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)