наполни (гл.) - и (сврз.)

И сепак во салата закрцкаа столовите и гласовите ја наполнија и грубо ја раздраа тишината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И ние, дојдени од различни места, го ружиме и, во исто време, го разубавуваме и подмладуваме овој град. Овој наш град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го наполнивме и преполнивме: со нас, со нашите навики и обичаи, со нашите творечки пориви и нашата леност, со нашите незаситни барања и нашите беззаветни трпеливи траења...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)