Во хаосот на мисли кои му ја наполнија главата, од тоа што ќе биде со неговите родители па до тоа дека наскоро ќе ја облече логорошката униформа на НОВ ЧОВЕК , на Александар едно му се разбистри – не по своја волја стана дел од отпорот против генералот Стојан. ***
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Овој „старец” ќе цица, ќе ја валка својата постела, ќе го носи името на предокот; оние од неговото старо поколение коишто сѐ уште се живи, ќе уживаат гледајќи како нивниот стар другар од ловиштата и битките мафта со своите малечки екстремитети и вреска; штом ќе проговори, ќе му ја наполнат главата со сеќавања за починатиот; строгата обука ќе го „поврати” неговиот поранешен карактер, ќе го потсетат дека „тој” бил гневен, суров или широкоград, и тој ќе биде убеден во тоа наспроти секакво доживување на спротивното.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Навали глава врз пушката и одеднаш - ја совлада некаква незнајна сладовина, неспозната леснина и рој мисли ѝ ја наполнија главата кои нескладно, една преку друга се превртуваат, претуруваат, се мешаат, клокотат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)